Челзи дефинитивно ќе го продава Реми

0

Челзи сигурно ќе се раздели со напаѓачот Луик Реми уште ова лето. Францускиот интернационалец не влегува во плановите на менаџерот Антонио Конте и ќе биде продаден.

Интерес кон 30-годишниот фудбалер пројавуваат Олимпик (Марсеј), Саутемптон и Евертон. На крајот на минатото лето Реми беше пратен на позајмица во Кристал Палас. Уште на самиот почеток на својот престој во редовите на оваа екипа тој се повреди и се врати на „Стемфорд Бриџ”.

Вчера Реми реализираше 2 гола за Челзи во контролниот меч со Фулам (8:2), но тоа во никој случај не ги менува намери на Конте.

Share.

Leave A Reply