Челзи го промовираше Матео Ковачиќ

0

Челзи официјално го објави трансферот на фудбалерот на Реал Мадрид Матео Ковачиќ, кој ќе игра на „Стемфорд Бриџ” со позајмица до крајот на сезоната.

24-годишниот Хрват пристигнува во Лондон како дел од договорот за продажба на Тибо Куртуа во Реал Мадрид, тврди „Скај Спортс”.

Ковачиќ е четврто ново засилување на Челзи ова лето. Пред тоа, ангажирани беа Жоржињо, Роберт Грин и Кепа Аризабалага.

„Многу сум среќен и возбуден што ќе бидам тука во Челзи. Чувството е неверојатно. Ќе се обидам да го дадам најдоброто од себе за овој клуб. Првенството е ново за мене и секогаш таков нов почеток е тежок, но јас сум сигурен дека менаџерот и новите соиграчи ќе ми помогнат. Со нетрпение очекувам почеток на одлична сезона“, изјави Ковачиќ за сајтот на лондончани.

Share.

Leave A Reply