Челзи ќе понуди 20 милиони фунти за дефанзивец на Наполи

0

Челзи ќе упати понуда од 20 милиони фунти за десниот бек на Наполи Елсеид Хисај и тоа веќе во јануари, тврди британското издание на весникот „Сан”.

Менаџерот на „сините” од Лондон Маурицио Сари работел заедно со фудбалерот во италијанскиот тим и е на мислење дека тој може да му заврши многу добра работа на „Стемфорд Бриџ” во следните неколку сезони.

24-годишниот дефанзивец е албански репрезентативец и игра во Наполи од 2015 година кога се пресели од екипата на Емполи.

Тогаш за неговите услуги беа платени 5 милиони евра, а сега Наполи ќе може да добие четири пати поголема сума за неговите права.

Share.

Leave A Reply