Челзи може да го „испушти“ Хаверц ако не игра во ЛШ

0

Челзи нема да може да го финализира трансферот на Каи Хаверц, доколку не успеат да се квалификуваат во Лигата на шампионите следната сезона.

Играчот од средниот ред на Баер (Леверкузен) е една од главните цели на Френк Лампард, а се тврди дека лондончаните во принцип се договориле со неговиот агент за петгодишен договор и плата од 7 милиони фунти по сезона. Сепак, според „Билд“, Хаверц нема да потпише ништо сè додека не дознае дали Челзи ќе се најде во Топ 4 во Премиер лигата.

До неодамна учеството во ЛШ чинеше скоро сигурно, но денес не изгледа така. Сините во моментов се трети, но само еден бод предност пред Манчестер Јунајтед и два повеќе од Лестер Сити.

Денес „црвените ѓаволи“ можат да го поминат тимот на Френк Лампард, ако го совладаат Саутемптон на домашен терен. За Хаверц се заинтересирани уште Реал Мадрид и Баерн Минхен.

Share.

Leave A Reply