Челзи можел своевремено да го купи Мбапе за минорна сума

0

Еден од најголемите фудбалски таленти на светов, Килиан Мбапе, бил блиску да стане играч на Челзи во 2012 година кога имал само 13 години.

Тоа го открива поранешниот скаут на Челзи, Даниел Бог, кој успеал да ги забележи квалитетите на Французинот и го поканил да биде дел од кампот во рок од една недела. Мбапе уште тогаш ги покажал способностите со топката, но, од клубот побарале од големиот талент да дојде уште еднаш на пробен период.

Тогаш мајката на Мбапе која го придружувала во Лондон, одбила нејзиниот син да направи втор пробен период и поставила услов да биде купен веднаш или ќе го напуштат Лондон. Потоа се знае што се случи, „сините“ се откажаа од неговите услуги.

Share.

Leave A Reply