Фудбалерот на Челзи Н’Голо Канте ќе стане највисокоплатениот играч на лондончани, ако прифати да го потпише новиот понуден од страна на клубот.
Според „Тајмс” понудата кон Французинот, кој се претстави многу добро за време на Светското првенство, е за договор од пет години и неделна плата со износ од близу 290 000 фунти. Така Канте ќе го стигне по плата дури најголемата ѕвезда на Челзи Еден Азар, кој во моментов добива по 220 000.
Се разбира, Белгиецот исто така добил предлог за нов договор, но Азар засега чека, бидејќи преферира да направи трансфер во Реал Мадрид.
Интерес кон Канте има од ПСЖ и Барселона, но самиот играч не инсистира да си заминува од „Стемфорд Бриџ” и клубот има намера да ја награди неговата лојалност и упорност.