Челзи сака да му го продолжи договорот на Палмиери

0

Италијанскиот фудбалски репрезентативец, Емерсон Палмиери, кој има потекло од Бразил, ги започнал преговорите за продолжување на договорот со екипата на Челзи, објавија денеска медиумите во Англија.

„Сините” сакаат на подолг период да го задржат фудбалерот кој во текот на летото се најде на радарот на повеќе европски гиганти.

25-годишният лев бек  во 2018 година ја напушти Рома и се пресели на „Стемфорд Бриџ“. Неговиот сегашен договор е валиден до летото во 2022 година.

Share.

Leave A Reply