Англискиот тим Челзи ќе му понуди договор за италијанскиот тренер Маурицио Сари, објавија локалните медиуми. Двете страни имале 7-часовен разговор вчера во Лондон, при што ги договориле деталите од договорот.
За 59-годишниот тренер ќе биде подготвен 2 годишен договор, а островјаните ќе исплатат компензација од 8 милиони евра на Наполи, затоа што Сари има важечки договор до 2020 година.
Договорот би можел да вклучи размена на играчи, со оглед на тоа што од Челзи се расположени да го испратат Давид Луис во Неапол и да плата 70 милиони евра за да ги земат Маурицио Сари и Калиду Кулибали.
Тој ќе го замени на „Стемфорд Бриџ“ својот сонародник Антонио Конте, кој е во преговори за прекин на договорот. Конте го предводеше Челзи до титулата во својата прва сезона 2016/17, но во изминатата сезона „сините” завршија петти во лигата и не се квалификуваа за Лигата на шампионите.