Челзи тргнува во офанзива по Дринквотер, Окслејд-Чемберлен и Ван Дајк

0

Една недела пред да се затвори трансфер пазарот, Челзи објави дека ја засилува трката за двајца играчи кои беа во нивните планови ова лето.

Според весникот „Сан“, шампионите понудиле на Лестер сума од 32 милиони фунти за Даниел Дринквотер. Меѓутоа, Лестер го процениле 27-годишниот играч од средниот ред на 40 милиони, па преговорите помеѓу двата клуба нема да бидат лесни.

„Мирор“ објави дека во исто време, од Челзи направилеа нова понуда за крилото на Арсенал, Алекс Окслејд-Чемберлен. Предлогот е 35 милиони – пет милиони повеќе од првата понуда која беше одбиена. Договорот на 24-годишниот играч со „топџиите“ истекува за помалку од 12 месеци, а засега одбива да потпише нов договор.

Челзи се очекува да направи официјална понуда за дефанзивецот на Саутемптон, Вирџил ван Дајк.

Share.

Leave A Reply