Денеска продолжуваат возбудувањата ова апролет и во фудбалската Лига на Европа. По воведната победа на фенербахче над Зенит во вторникот, за денеска се закажани преостанатите дуели од оваа фаза.
Со оглед на атрактивноста, денеска три меча привлекуваат голем интерес. Прво гостувањето на челзи кај Малне, дуелот меѓу Лацио и Севиља, но и пресметката меѓу Селтик и Валенсија.
Дуелот во Рим се појави како еден од најинтересните први натпревари во оваа фаза од трката. Римјаните се со сериозни амбиции на турнирот во кој отпаднаа пред година во четвртфиналето, откако дозволија да бидат елиминирани од Ред Бул Салцбург. Андалузиите се „господари“ Лигата на Европа со пет освоени трофеи и веќе тргнуваат кон својот шести трофеј во ова натпреварување.
Челзи, пак, ќе мора да излезе силен од срамниот пораз кај Манчестер Сити минатиот викенд. Позициите на Маурицио Сари сериозно се растресени и веќе се зборува за негов отказ.
Селтик ја пречекува Валенсија со расположение по добрите резултати во првата половина на сезоната. Досега, “детелинките” двапати гибеа од „лилјаците“ во ова натпреварување, па овој пат ќе се обидат да ја подобрат статистиката.