Челзи заинтересиран за напаѓачот на Бурнемаут

0

Новиот англиски репрезентативец Калам Вилсон е во плановите на Челзи, објави весникот „Сан“.

Напаѓачот на Бурнемаут има одличен настап за својата екипа од почетокот на сезоната, што му донесе повик за настап во репрезентацијата на Англија од страна на селекторот Герет Саутгејт.

Паралелно со овој повиик, се појавија и информации дека по добрите настапи Вилсон го првлекол вниманието на менаџментот на Челзи, па токму поради тоа „сините“ сакаат да го донесат во своите редови.

Според истите извори Маурицио Сари е силно импресионирани од фудбалерот и од клубот подготвуваат понуда од 35 милиони фунти во текот на зимата за играчот. Италијанскиот тренер сака да го засили нападот на својата екипа, иако Алваро Мората почна да постигнува голови. Мауро Икарди и Кшиштоф Пионтек ќе бидат многу поскапи, па затоа Вилсон изгледа како прилично добра опција.

26-годишниот фудбалер надмина 2 сериозни повреди, за да влезе во најдобрата форма во кариерата, успеа да постигне 7 гола на 13 натпревари до сега, што не остана незабележано и од селекторот Герет Саутгејт, како и од гигантот од „Стемфорд Бриџ“.

Share.

Leave A Reply