Червар одлучи, без Митревски, Пешевски и Арнаудовски против Тунис

0

Откако беше одработен и последниот тренинг на нашата ракометна селекција ви Мец, предводникот на репрезентацијата на Македонија, Лино Червар се одлучи за тоа кои тројца наши ракометари ќебидат надвор од тимот за првиот натпревар со Тунис.

Селекторот Червар пред Техничкиот состанок ги објави имињата на Никола Митревски, Жарко Пешевски и Ристо Арнаудовски кои нема да бидат во составот на нашата селекција за премиерниот натпревар со Тунис кој се игра утре во 17.45 часот во Арената Мец. Според ова на голот на нашата репрезентација на првиот натпревар ќе бидат Кирил Колев и Благојче Трајковски кои ќе треба да ја оправдаат довербата која им ја дава Червар за премиерниот натпревар.

Она што е многу важно е тоа што по последниот тренинг кој го имаа нашите ракометари сите се чувствуваат добро и се подготвени за отварањето на СП за нашата репрезентација.

Share.

Leave A Reply