Червар уште ќе размислува или само одолговлекува?

0

Лино Червар во интервју за медиумите во Хрватска ниту потврди ниту демантираше дека ќе го напушти кормилото на нашата ракометна репрезентација иако медиумите во неговата татковина и луѓето од Федерацијата, на големо објавуваат дека договорот е постигнат.

„Не е лесно, мене ми е најтешко. Морам да признам дека не спијам со денови, знам дека морам да донесам одлука. Во Македонија сум седум години, луѓето одлично ме прифатија, направив големи работи за ракометот во оваа земја. Ситуацијата не ми е лесна, затоа молам за уште малку трпение“ – изјави Червар.

Ќе потсетиме дека Хрватите ќе бидат домаќини на Европското во 2018 година а Македонија допрва ја очекуваат квалификациите.

Share.

Leave A Reply