Червар: „За победа против Словенија моравме подобро во одбрана“

0

Селекторот на нашата репрезентација Лино Червар беше реален и призна дека во Македонија загуби од многу добрата репрезентација на Словенија и дека во моментов Словенија е поквалитетна од нашата репрезентација.

 

„И вчера кажав дека доколку сакаме да имаме поволен резултат од мечот со Словенија мораме да одиграме многу добро во одбрана. Ние уште од почетокот на мечот имавме проблеми со нашата одбрана, не беше доволно спремна да ги сопре нивните напаѓачи. Словенците имаа многу повеќе опции, сите оние исфорсираните  шутеви кои ги имавме во првото полувреме знаеја да ги користат.

Го загубивме Миркуловски на почетокот од натпреварот, не можевме да го користиме максимално ниту Велко Марковски, а во вториот дел им дадовме шанси за помладите ракометари. Не треба ни премногу да анализираме, самиот почеток беше најава дека нема да биде лесно да се победи Словенија. Мислам дека по оној брутален прекршок врз Георгиевски, требаше противничкиот играч да биде казнет со црвен картон. Словенците ни наметнаа ритам кој нам не ни одговара. Во нападот шутиравме пребрзо, некогаш нападот траеше по десетина секунди, а во одбрама почнавме со 5-1, па сменивме 6-0, но и тоа не беше многу добро.

Многу промашивме од секаде, посебно крилата, па дури и седмерци. Заслужено загубивме, знам дека можевме подобро да одиграме, но мора сега да се собереме и да оладиме главите. Треба да ја земеме работата во свои раце, да видиме каква е состојбата со Миркуловски, тој ни е многу важен играч и во одбрана и во напад. Словенија беше фаворит пред овој натпревар,а послабата екипа на хартија мораа да „гине“, како што „гинеше“ Исланд против Словенија за да се добие натпреварот. Ние не игравме така и затоа бевме казнети“ изјави на прес-конференцијата селекторот Червар.

Тој најави дека ќе размисли и ќе се долучи дали ќе им даде поголема минутажа на оние помладите на средбата со Шпанија, а силите ќе ги чува за мечот со Исланд кој може да биде многу важен за нашата репрезентација за конечниот пласман во 1/8 финалето и распределбата на позициите во нашата група.

Share.

Leave A Reply