Како што објавија чешките медиуми попладнево, чешката ракометна репрезентација и официјално го откажа патувањето и учеството на Светското првенство во Египет.
Сериозноста на случаите на заразени со Ковид-19 во тамошната репрезентација, очигледно не остави простор за Чешка да замине на Мундијалот. Тоа значи дека ИХФ треба сега да ја покани нашата ракометна репрезентација како резервен учесник на Светското првенство.