Чесите Хорачек и Новотни ни судат со „Самураите“

0

Чешка судиска двојка ќе ја дели правдата на премиерниот меч на нашата селекција против Јапонија. ИХФ денеска ги делегираше Чесите Хорачек и Новотни како судии за нашиот прв меч на првенството.

Вториот дуел во нашата група меѓу Исланд и Хрватска ќе го суди судиската двојка од Тунис, Буалоча и Хенизи, додека последниот дуел за вечерва во нашата група „Б“ меѓу Бахреин и Шпанија ќе го арбитрира аргентинската судиска двојка, Гриљо Лопез и Ленци.

Share.

Leave A Reply