Четири играчи на Тотенхем беа дел од екипата на Ајакс

0

Во полуфиналето од Лигата на шампионите ќе се сретнат екипите на Тотенхем и Ајакс, а Лондончани за прв пат ќе играат во оваа фаза од Лигата на шампионите.

Сепак интересен е податокот што четири играчи кои се дел од составот на Тотенхем оваа сезона имаа свое минато во екипата на Ајакс од Амстердам. Станува збор за Јан Вертонген, Тоби Ајдервајрелд, Кристијан Ериксен и Дејвинсон Санчез.

Ова значи дека токму овие фудбалери ќе се вратат во Амстердам и ќе играат против својот поранешен клуб во полуфиналето од Лигата на шампионите. Првиот натпревар против Ајакс ќе го играат на 30 април, а реваншот ќе се игра на 7-ми мај.

Share.

Leave A Reply