Четири клуба од НБА лигата, Лос Анџелес Лејкерс, Бостон, Филаделфија и Денвер ги објавија првите случаи на заразени играчи и тренери со коронавирусот.
Засега, името на само еден од пациентите е познато, тоа е Маркус Смарт од Бостон Селтикс. Смарт во видео порака рече дека е тестиран пред пет дена, но дури сега ги добил резултатите. Тој се стави во домашна изолација и ќе остане таму се додека не биде добар. Лос Анџелес Лејкерс откри дека двајца играчи во тимот се исто така заболени од новиот вирус. Нивните имиња не се откриваат.
Најлоша е ситуацијата во Филаделфија, каде што се заразени дури три лица.