Четири “Вардарки“ и тренерот Дибирова во избор за идеалниот тим на ЛШ

0

Веќе петта сезона по ред ЕХФ им дава можност на навивачите да го изберат својот идеaлен тим на сезоната во лигата на шампионите. И како што традицијата продолжува со изборот, така продолжува и да има по неколку ракометарки на Вардар во тој избор.

Сезонава четири ракометарки се наоѓаат во конкуренција за едно од местата, а меѓу оние што се борат е и тренерот на ЖРК Вардар – Ирина Дибирова.

Во годинешниот избор на Ол стар тимот на лигата на шампионите се најдоа:
Голман – Амандин Лејно
Лев бек – Андреа Пенезиќ
Пивотмен – Драгана Цвијиќ
Десен бек – Александра Лакрабер
Тренер: Ирина Дибирова

Гласањето се одвива на следниот линк ( https://apps.facebook.com/my-polls/all-star-team-women-2017-18 )

Гласањето е отворено до 8 мај 2018 година, а победниците односно идеалниот тим ќе биде прогласен за време на финалниот викенд во Будимпешта на 12 и 13 мај.

Вардар е на чекор до своето петто учество на Ф4 турнирите. Во првиот четврт-финален натпревар нашите девојки победија на гостувањето во Данска кај Митјиланд со 24-23 сега останува во реваншот само да се потврди учеството.

Реванш натпреварот од четврт-финалето на ЛШ се игра во сабота во Скопје во 17 часот во СЦ „Јане Сандански”

Share.

Leave A Reply