Чичерова ќе остане без медалот од Пекинг

0

Руската натпреварувачка во скок во височина, Ана Чичерова, ја загуби жалбата против одлуката да и биде одземен бронзениот олимписки медал од Пекинг 2008-ма. 35-годишната русинка беше трета во Пекинг, но, повторната анализа на нејзиниот зачуван примерок од Игрите беше позитивен на забранетиот стероид – тунибал.

Чичерова поднесе жалба до спортскиот арбитражен суд (CAS), против одлуката да биде лишена од нејзиниот олимписки медал,  но, нејзината жалба беше одбиена. Таа, сепак, ќе ја задржи нејзината светска титула од Деге во 2011-тата и Лондонските олимписки игри во 2012 година.

Бронзениот медал на Чичерова од Пекинг 2008 ќе отиде кај Американката Шонте Лоу (сега Хауард), која заврши шеста во Кина, бидејќи четвртата Елена Слесаренко (Русија) и петтата Вита Паламар (Украина) исто така беа дисквилификувани поради допинг.

 

Share.

Leave A Reply