Чичкото на Рафа не можеше да ги сокрие емоциите

0

Тони Надал кој има роднински конекции со тенисерот, Рафаел Надал, вели дека неговиот внук сосема заслужено го освои Грен Слем турнирот во Париз откако супериорно во само три сета го победи Новак Ѓоковиќ.

„Рафа знаеше за што игра. Немаше загубено ниту едно финале на Ролан Гарос. Тој одигра на највисоко ниво, на врвно ниво“ – изјави Тони Надал кој не можеше да ги сокрие емоциите.

Рафа со триумфот во Франција се изедначи со Швајцарецот, Роџер Федерер по бројот на освоените титули на Грен Слем турнирите. Двајцата имаат по 20-ет додека Ѓоковиќ остана на 17-ет.

Share.

Leave A Reply