Чикаго подготвен да го трампа Батлер

0

Чикаго Булс се подготвени за размена на еден од своите најдобри кошаркари во моментов, Џими Батлер. Од клубот наводно изјавбиле дека не се подготвени да го градат својот тим околу Батлер, иако тој има петгодишен договор со „биковите“.

Претходно Батлер изјави дека својата иднина ја гледа како лидер на Чикаго, но овие последни информации сериозно ја менуваат ситуацијата и неговата положба во екипата.

Од Атланта, пак, стигнува информација дека Мо Вилијамс кој само што дојде кај Хокси по размената со Кливленд за Кајл Корвер, веќе е на пат да си замине од тимот. Од Атланта велат дека не се расположени да го задржат во тимот.

Share.

Leave A Reply