Чиле е последна шанса за Македонија на СП во Египет

0

По поразите од Шведска и Египет, последната шанса за нашата ракометна репрезентација на СП во Египет се вика Чиле. Со евентуална победа попладнево во Каиро (15.30 ч.), Македонија ќе ја освои третата позиција која води во следната фаза, доколку бидеме поразени ќе останеме на првенството и ќе разигруваме за пласман на некое од последните 8 места.

Против Чилеанците тестиравме во Скопје пред настапите на Светското првенство и двапати ги совладавме (25:21, 28:24). Секако, тие беа само пријателски мечеви, но сега дуелот е од различен карактер, а избраниците на селекторот Данило Брестовац се свесни дека ако сакаат уште три нови средби со квалитетни ривали (Белорусија, Русија и Словенија) мора да најдат сили за победа.

Share.

Leave A Reply