Хрватскиот репрезентативец Ведран Чорлука дојде до јубилејниот 100-ти меч во дресот на репрезентацијата на „коцкестите“.
Вчера, фудбалерот влезе на теренот на крајот од натпреварот од вториот круг од групната фаза од Светското првенство против Аргентина, во која хрватскиот тим успеа да стигне до убедлива победа од 3-0.
Чорлука и на ова СП ќе биде еден од фудбалерите кои со своето искуство треба да бидат носители на оваа генерација која оди по успехот од 1998 година.