Чупиќ: Македонија може да ја изненади и Шпанија

0

Крилото на Вардар, Иван Чупиќ, имаше пофални зборови за настапот на Македонија на ова ЕП. Во пресрет на дуелите од втората фаза, Чупиќ смета дека Македонија има тим за големи резултати.

„Ги гледав сите натпревари на Македонија и само можам да им честтам за овие 3 бода. Се надевам дека добро ќе ја завршат работата во Вараждин и да ќе ги победат Шпанците в недела и можат до полуфинале. Се надевам дека што повеќе балкански тимови ќе влезат во полуфиналето. Од другата страна се и Словенија и Македонија, ја гледав Македонија, игра добро, има три бода, први се во групата имаат три дена за одмор и се надевам дека можат да ги изненадат Шпанците, кои секако се фаворити. Но со една добра игра и поддршка од голманот мислам дека можат да ја победат и Шпанија, а потоа и патот до полуфиналето им е отворен“.

Share.

Leave A Reply