Чурлинов и Штутгарт ќе се подготвуваат во Австрија

0

Новиот член на германската фудбалска елита Штутгарт во текот на летото ќе тренира во австриското одморалиште Кицбил, објавија од клубот. Кампот ќе се одржи помеѓу 22 и 29 август, а првиот тренинг на тимот ќе биде на 3 август.

Штутгарт најави дека поради пандемијата на коронавирусот, тренинзите ќе бидат затворени. Следната сезона во Бундеслигата ќе започне на 18 септември, една недела по првото коло од Купот на Германија. Сè уште неизвесно дали ќе има навивачи на трибините.

Во редовите на оваа екипа имаме и еден наш фудбалер, Дарко Чурлинов кој ќе биде дел од Штутгарт и наредната сезона во Бундеслигата.

Share.

Leave A Reply