Циндриќ и Дибиров задоволни од играта и победата

0

Ракометарите на Вардар Лука Циндриќ и Тимур Дибиров по натпеварот со Мешков Брест, за Спортското радио 90,3 изјавија дека се задоволни од играта и победата која ја остварија во мечот со Мешков Брест.

„Мислам дека овој натпревар е пример за тоа како треба да се игра, без разлика што е полуфинале , сепак залагање до последната минута и максимално сконцентрирани, затоа би им честитал на моите соиграчи на оваа денешна игра. Овој турнир ќе ни биде добредојден за да ја подигнеме формата, да пробаме некои тактички идеи на тренерот и се надевам дека ја освоиме СЕХА лигата, а со тоа добро ќе се подготвиме за она најважното што не очекува, четвртфиналето со Кил, а потоа и Ф4 во Келн. Мислам дека со  овој натпревар покажавме како треба да играме понатаму“ изјави Лука Циндриќ.

Дибиров има одиграно многу натпревари против овој противник, па затоа знаеше дека нема да биде лесно.

„Секогаш натпреварите со Мешков Брест поминуваат тешко, така што сме среќни денес што убедливо победивме. Противникот имаше проблеми со повредени играчи, но наша работа беше да излеземе на терен и да направиме резултат. Тоа го направивме и сега треба да уживаме да се подготвиме  за следниот натпревар. Се гледаме во финале“ изјави Дибиров.

Сега Вардар го очекува финале во недела навечер во 20.15 часот, за да ја одбрани титулата во СЕХА лигата.

Share.

Leave A Reply