Циндриќ ќе биде подготвен за гостувањето во Манхајм

0

Ракометарот од Хрватска, Лука Циндриќ, ја санирал повредата и ќе се врати во редовите на Вардар за неделното дерби во Германија на теренот на Рајн Некар во рамките на Лигата на шампионите.

Средниот бек иако се соочи со полесна повреда мораше да паузира на неколку средби во СЕХА и во Лигата на шампионите. Шпанскиот тренер на клупата на „црвено-црните“, Раул Гонзалес, за мечот во Манхајм ќе го нема на располагање пивотот, Рожерио Мораеш, кој исто така мораше да паузира во изминатиот период.

Дербито на групата меѓу Рајн Некар и Вардар ќе биде реализирано в недела од 19.00 часот.

 

Share.

Leave A Reply