Циндриќ влезе во најтесниот избор на ИХФ

0

Членот на европскиот шампион Вардар, Лука Циндриќ, е номиниран за најдобар ракометар на светот за 2017 година во изборот на Интернационалната ракометна федерација.

Играчот на Хрватска заедно со Норвежанецот, Сандер Сагосен, Никола Карабатиќ (Франција), Домагој Дувњак (Хрватска) и Анди Шмид (Швајцарија), доби најмногу гласови од селекторите и експертите. Кај дамите во конкуренција се: Нора Морк (Норвешка), Стин Бредал Офтендал (Норвешка), Кристина Неагу (Романија), Изабел Гулден (Шведска) и Нике Грот (Холандија).

Најдобрите за изминатата година ќе се изберат по пат на гласање на фановите на посебен линк . Во гласањето до 20-ти февруари ќе учествуваат и медиумите.

 

Share.

Leave A Reply