Нашите млади фудбалери (У21) ја остварија и втората победа во групата 6 во квалификациите за Европското првенство.
Избраниците на слекторот, Благоја Милевски, денеска поминаа триумфално на тренеот на Црна Гора со 2 спрема 1. Домаќините поведоа во 10 минута со голот на Скендеровиќ, но, нивната радост тареше кратко бидејќи Атанасов изедначи веќе во 14 минута. Во 33 минута беше досуден пенал за нас а Атанасов не ја пропушти шансата по втор пат да го матира домашниот голман.
Македонија наредниот меч од квалификациите ќе го одигра на домашен терен на 15 октoмври против селекцијата на Казахстан.