Напаѓачот на Ремс, Булаје Диа, може да ја продолжи кариерата во руската Премиер лига. Според „Le10Sport“, Краснодар размислува за ангажман на 24-годишниот Французин.
Порталот – „Трансфермаркет“ го проценува Булаје на 12 милиони евра. Исто така е објавено дека Кристал Палас и Фулам се заинтересирани за напаѓачот. 24-годишниот Диа во тековнава сезона одигра 18 натпревари и постигна 12 гола во француската Лига 1.
Тој го дели првото место на листата на најдобрите стрелци со напаѓачот на Пари Сен Жермен Килијан Мбапе. Буле Диа се пресели во Ремс во летотово 2018 година.