Легендарниот француски ракометар, Лук Абало, кој сакаше да стави крај на кариерата се премисли и пензионирањето го одложи за уште една година. Причина за неговиот потег е тековната состојба со пандемијата на корона-вирусот.
„Не сакам да имам ваков крај на кариерата. Мислам дека ќе играм уште една година“ – потенцираше ракометарот на ПСЖ.
Крилото на тимот од Париз е дел од ѕвездената селекција на „триколорите“ која освои многу трофеи меѓу кои и два златни медала на летните Олимписки Игри во 2008 и 2012 година.