Црномурестите атлетичари доминираа на маратонот во Скопје

0

Чалачев Тируне од Етиопија со време од 2.15.37 часа победи во машкиот дел на 15-тото јубилејно издание на – „Виз Ер Скопскиот Маратон“ на кој се појавија преку 12.500 учесници од 58 земји што претставува рекордна бројка.


Црномурестиот атлетичар со остварениот резултат  ќе добие и дополнителна парична награда од 2000 евра. На второто место на пиедесталот се искачи Вилгред Корир од Кенија а на третото Гетаје Гелав од Етиопија. Најдобар македонски атлетичар беше Александар Кираџиев кој го освои петтото место.

Во женскиот дел најбрза беше Енус Мухири од Кенија кој постави нов рекорд од 2 часа 33 минути и 38 секунди. Таа беше побрза од нејзините сонароднички Елутер Тануи и Наоми Лимамуреи. Најдобра наша атлетичарка е Адријана Поп Арсова која постави нов македонски рекорд кај жените со време од 2.52.52 часа.

Денешните активности на „Виз Ер Скопскиот Маратон“ во континуитет ги следеше и екипата на Спортско радио 90,3 ФМ. Дел од учесниците и организаторите продефилираа и низ нашата програма.

 

Share.

Leave A Reply