Црвена Звезда вечерва нема да игра против Будуќност?

0

Претседателот на Црвена Звезда, Небијша Човиќ, денеска на вонредна прес-конференција во Подгорица најавил дека „црвено-белите“ вечерва нема да истрчаат во „Морача“ да го одиграат четвртиот финален меч со Будуќност во АБА лигата.

Попладнево е закажан состанок со Изток Ремс, комесарот за делегирање на судиите, по што ќе биде познат финалниот став на клубот.

„Скоро сум сигурен дека нема да излеземе на паркетот во Морача. Луѓето велат дека утрото е попаметно од вечерта. Но, имаше закани кон судиите, а потоа можеби скокна нивната тарифа?“, изјавил Човиќ пред новинарите.

Share.

Leave A Reply