„Црвени-црните“ демонстрираа квалитет, Кjелце остана немоќен

0

Ракометарите на Вардар го фрлија на колена европскиот шампион Кjелце победувајќи го со 40 спрема 34 во рамките на нашата група во елитната конкуренција.

Во СЦ Јане Сандански по изедначеното прво полувреме, домаќинот „уфрли во петта“ во вториот дел и го прегази полскиот тим во битката за првото место на табелата кое носи директен пласман во ¼ финалето.

Игор Карачиќ постигна деветте голови а фантастичени беа и Дибиров и Душебаев кои имаа по осум реализации исто колку што имаше и Агинагалде кој беше најефикасен во противничкиот табор. Вардар го презема врвот во групата Б со 10 освоени бода, во која Рајн Некар е втор со 9 а Кjелце трет со 8 бодови.

Share.

Leave A Reply