„Црвените ѓаволи“ сакаат да купат играч на „лисиците“

0

Англискиот фудбалски премиерлигаш Лестер е подготвен да му го продаде Хари Мегваер на Манчестер Јунајтед само ако добие за него 90 милиони фунти.

Според британскиот – „Дејли стар“, луѓето од „Олд Трафорд“ се  подготвени да го урнат рекордот за најскап дефанзивец кој го држи Вирџил ван Дајк откако од Саутемптон премина во Ливерпул за 75 милиони фунти.

„Црвените ѓаволи“ и во претходното лето се обидоа да го ангажираат Мегваер, но, трансферот пропадна. 26 – годишниот англиски фудбалер во септември потпиша нов договор со Лестер и тоа до 2023 година.

 

Share.

Leave A Reply