Европската куќа на фудбалот (УЕФА) ги објави резултатите од гласањето за најдобрите 11-ет во изминатата година во кое се вклучиле повеќе од 2. милиона љубители на „бубамарата“.
Според анкетата, доминираат играчите на Ливерпул ( 5 ), по двајца има од Барселона и Јувентус додека по еден се изгласани од Баерн Минхен и Манчестер Сити. Еве ги најдбрите во изборот на навивачите и тоа според позициите на кои настапуваат.
Голман: Алисон Бекер (Ливерпул), Одбрана: Трент Александер-Арнолд (Ливерпул), Матијс де Лихт (Ајакс/Јувентус) ,Вирхил ван Дајк (Ливерпул), Енди Робертсон (Ливерпул), Среден ред: Френки де Јонг (Ајакс/ Барселона), Кевин де Брујне (Манчестер Сити) и Лионел Меси (Барселона). Напад: Кристијано Роналдо (Јувентус) Роберт Левандовски (Баерн)Садио Мане (Ливерпул)