„Црвено-црната“ експедиција со поволен резултат се враќа од Шведска

0

Фудбалерите на Вардар одиграа 1:1 на стадионот на Малме во првиот натпревар од второто квалификациско коло во Лигата на шампионите со што направија значаен чекор кон наредната фаза.

Вардарци поведоа во 63. минута преку Николов кој погоди во долниот лев агол откако добра акција направија Фелипе и Балотели. Во 75 минута по прекин и добар центар-шут од левата страна, Брорсон успеа од 5-6 метри да ја испрати топката со глава зад грбот на Гачевски за 1 спрема 1.

Реваншот меѓу двата тима ќе биде одигран наредниот вторник на стадионот „Младост“ во Струмица со почеток во 18.00 часот.

Share.

Leave A Reply