„Црвено-црните“ ја финишираат годинава

0

Ракометарите на Вардар в понеделник на домашен терен ќе го пречекаат Татран Прешов во претпоследниот меч од групната фаза во СЕХА-лига.

„Својата цел ја исполнивме и влеговме во четвртфиналето. Остануваат уште два меча, наша цел е да оствариме барем три бода за да го обезбедиме првото место во групата. Откако ќе го завршиме сегашниов дел од сезоната ќе имаме состанoк со претседателот на клубот и ќе решиме околу тренерското место“ –  рече стратегот на Вардар, Едуард Кокшаров. Крилото, Димитар Димитриоски, посакува победа на последниот домашен меч во годинава која изминува.

„Знаеме дека последен пат ќе играме на домашен терен во годинава. Ќе одиме да победиме и ќе да го дадеме максимимот“ – вели играчот на бранителот на тронот. Вардар пред зимската пауза го очекува само уште еден натпревар во СЕХА лигата и тоа на 15 декември на теренот на Нексе.

Share.

Leave A Reply