„Црвено-црните“ ќе патуваат во Шведска

0

Фудбалерите на Вардар ќе играат против Малме од Шведска во второто квалификациско коло од Лигата на шампионите.

Скандинавците ќе бидат домаќини на првиот меч на 11 или 12 јули додека вториот меч ќе биде одигран седум денови подоцна. Бидејќи Арената Филип Втори нема да се користи до Супер Купот на УЕФА, најверојатно „црвено-црните“ ќе мора играат на друг стадион. Како опција се наметнува Струмица.

Во денешното составување на двојките како можни противници на Вардарци беа: Селтик, Легија Варшава, Марибор, Розенборг и Хафнарфјордур, а нашиот шампион го доби Малме.

Share.

Leave A Reply