ЦСКА (М) на „Маракана“, Милан во Бугарија

0

Неколку интересни дуели ќе гледаме во 1/16-финалето од Лигата на Европа во февруари следната година. Белградска Црвена Звезда на „Маракана“ ќе го дочека рускиот гигант ЦСКА (М), додека Партизан ќе игра против екипата на Викторија Плзен.

Меѓу фаворитите за трофејот оваа сезона, Атлетико (М) за противник го доби дански ФК Копенхаген, а Наполи и Лајпциг кои испаднаа од ЛШ ќе имаат меѓусебна пресметка за пласман во осминафиналето. Првите средби ќе се одиграат на 15 февруари, а реваншите се една недела подоцна.

Share.

Leave A Reply