Д-р Небојша Настов е нов член на здраствената комисија на ЕОК

0

Д-р Небојша Настов, претседател на Здравствената комисија на МОК, од страна на Управниот одбор на Европскиот олимписки комитет (ЕОК) е избран за член на Здравствената комисија на ЕОК.

Настов е назначен и за „Главно медицинско одговорно лице“ за Европските младински Олимписки игри, Олимписки фестивал кој ќе се одржи во Сараево (9-16 Февруари 2019), а воедно тој ќе биде и надлежен за допинг контролата на младите спортисти на овие игри.

Инаку, следниот состанок на Здравствената комисија на ЕОК ќе се одржи во Скопје, во септември 2019 година.

Share.

Leave A Reply