Менаџментот на Далас Маверикс има намера да му понуди на напаѓачот Криштапс Порзингис максимален петгодишен договор вреден 158 милиони долари.
Порзингис стана играч на Далас во текот на изминатата сезона, како дел од трејдот со Њујорк Никс. Летонецот целосно ја пропушти минатата сезона поради повреда на лигаменти на коленото. Пред сериозната повреда, тој беше еден од најдобрите играчи во лигата и учествуваше на Ол-Стар натпреварот.