Порази за Милвоки и Филаделфија, нова победа на ЛА Лејкерс. На Истокот синоќа фаворитите имаа тешка вечер и претрпеа убедливи порази. Милвоки загубија со 20 поени разлика на гостувањето кај Њујорк со 130:110, додека Филаделфија беше поразен аод Кливленд со 118:94.
Рандал беше најдобар стрелец кај Њујорк во победата над Бакс со 29 поени, а ѕвездата на Милвоки, Јанис Адетокумбо заврши со дабл-дабл од 27 поени и 13 скока.
Шампионската серија на ЛА Лејкерс продолжи и синоќа на дуелот со Минесота. „Езерџиите“ славеа со убедливи 127:91 во меч во кој Кајл Кузма со 20 поени беше најефикасен, а го следеше Леброн Џејмс со 18 поени и 9 скока. Пораз синоќа претрпе и Бостон и тоа на гостувањето кај Индијаната со 108:107.
Најубедливата победа ја оствари Далас уште синоќа. Предводени од Дончиќ, Маверикс славеа со 124:73 на гостувањето кај ЛА Клиперс.
НБА РЕЗУЛТАТИ:
ЛА Клиперс – Далас 73:124
Шарлот – Бруклин 106:104
Њу Орлеанс – Сан Антонио 98:95
Вашингтон – Орландо 113:120
Кливленд – Филаделфија 118:94
Њујорк – Милвоки 130:110
Чикаго – Голден Стејт 128:129
Индијана – Бостон 108:107
Сакраменто – Феникс 100:116
ЛА Лејкерс – Минесота 127:91