Дали Озил ќе си замине по секоја цена?

0

Челниците на Атлетико Мадрид се поврзале со фудбалерот на Арсенал, Месут Озил, за да му понудат да се приклучи кон тимот по крајот на сезонава, тврдат денеска дел од медиумите на Островот.

Договорот на Германецот со „топчиите“  ќе истече во наредното лето. Менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер, призна дека може да добие задача да го продаде Озил уште во јануари за да не го испушти без пари во текот на летото.

Според англиските медиуми, Атлетико сака на репрезентативецот на Германија да му понуди плата од околу 200 000 фунти неделно што е помалку од тоа што го добива во Англија.

Share.

Leave A Reply