Далиќ: Им реков на моите фудбалери – Вие сте „НЕНОРМАЛНИ“

0

Хрватска успеа да се пласира во финалето на СП во Русија откако ја елиминираше Англија со 2:1 по продолжение.

По историскиот меч, славјето на Хрватите им немаше крај, а селекторот Златко Далиќ беше искрен и откри што им кажал на своите фудбалери по историскиот пресврт против Англија.

„Што да кажам друго. Можам само да им честитам на моите момци, морам да кажам дека не се нормални. Ова е фантазија, нешто невозможно, како трчаа, како се бореа. Ова е за историја. Им благодарам на сите наши навивачи. Сè уште не сме го кажале последниот збор. Доколку БОГ сака ќе бидеме и светски прваци“, изјави Златко Далиќ, селектор на репрезентацијата на Хрватска.

Share.

Leave A Reply