Далиќ продолжува како селектор на сребрените од Русија

0

Селекторот на репрезентацијата на Хрватска, Златко Далиќ, ќе продолжи да работи во националниот тим, објавија од Хрватската фудбалска федерација.

Оваа одлука била донесена вчера по состанокот на Далиќ со претседателот на Фудбалскиот сојуз, Давор Шукер . Се очекува официјалното потпишување на новиот договор со 51-годишниот стратег да се одржи следната недела.

„Беше важно отворено да зборувате со претседателот на Фудбалската федерација за сите прашања. Благодарен сум на Шукер за разбирањето на моментите што не ги сметав за точни. Ги решивме сите проблеми. Со нетрпение очекувам нови предизвици“, рече Далиќ

Share.

Leave A Reply