Селекторот на Хрватска, Златко Далиќ, потенцира дека неговите фудбалери се максимално подготвени да го запрат првиот голгетер на Мундијалот, Хари Кејн.
Англичанецот со 6 голови е лидер на листата и со самото тоа се наметнува како главна опасност по голот на “коцкестите“. Сепак, стратегот на хрватскиот национален тим верува дека напаѓачот на „трите лава“ нема да се наметне и дека нековите играчи ќе го запрат како што беше случај со Меси на средбата со Аргентина.
„Кејн е навистина добар на Мундијалот, но, верувам дека ние можеме да го неутрализираме. Имаме играчи кои имаат искуство да го запрат. Тука се Ведран Чорлука и Домагој Вида“ – потенцирал селекторот Далиќ.