Дамјан Стојановски е играч на колото во АБА 2

0

Еден од најдобрите играчи на МЗТ Скопје, Дамјан Стојановски,  е прогласен за најкорисен кошаркар во 3 коло во регионалната АБА 2 лига.

Тој на мечот со Рогашка одигран во Скопје, забележа 18 кошеви, две асистенции и три украдени топки што беше доволно за 29 индексни поени и наградата за МВП на колото. Популарните „штркови“ досега сигурно чекорат во АБА 2 лига и со максимални три победи по исто толку кола се наоѓаат на чело на табелата.

Ќе потсетиме дека и во второто коло играчот со најмногу индексни поени беше од редовите на македонскиот шампион.  Тогаш за најкорисен кошаркар беше избран Џабари Хинк.

 

Share.

Leave A Reply