Дани Алвеш на пат да се врати во Шпанија

0

Дефанзивецот на ПСЖ, Дани Алвеш, би можел повторно да се врати во Шпанија. Според францускиот венсик „Л’Екип“,  Севиља е заинтересирана да потпише договор со 35-годишниот бек на парискиот тим.

Сепак, враќањето на бразилскиот фудбалер во Андалузија ќе биде можно само ако играчот не се согласи со францускиот шампион да го продолжи постоечкиот договор.

Оваа сезона, Алавеш учествуваше во 23 натпревари за својот тим, постигна еден ефектен погодок и имаше пет асистенции. Неговиот договор со клубот трае до следното лето, но многумина веруваат дека тој може да добие двегодишен договор со Севиља кој ќе го натера да си замине.

Share.

Leave A Reply